Мурињо сруши негативен рекорд, па влезе во жесток конфликт со Солсјер

од Vladimir Zorba

Португалскиот стручњак Жозе Мурињо сруши негативен рекорд против Манчестер Јунајтед, откако денеска го претрпе 10-от пораз како менаџер во една сезона!

Мурињо до сега претрпе девет порази на клупата на Челси во сезоната 2015/16, но на сите им е јасно дека ги доживува своите најлоши моменти во кариерата во Тотенхем.

Португалецот по мечот успеа и вербално да се судри со Оле Гунар Солскјер, кој го нападна Сон малку порано поради симулација.

Да потсетиме, Јунајтед погоди во 35-тата минута преку Кавани, но судијата го поништи истиот затоа што Мектомини малку порано со рака го удри напаѓачот на „петлите“ по лицето.

– Ако мојот син останеше долу три минути, а околу него имаше 10 пријатели кои се обидуваа да го кренат, на крајот тој немаше да добие храна. Тоа беше очигледна грешка на судијата кој беше измамен – рече Солскјер.

Секако, Мурињо веднаш му одговори.

– Сон е многу среќен, бидејќи неговиот татко е многу подобра личност од Оле. Таткото секогаш мора да ги храни децата, без оглед што сториле. Ако треба да крадете за они да јадат, тогаш крадете. Му реков на Оле што мислам за неговите коментари – изјави Мурињо.

Слични содржини