Мурињо тргнува по репрезентативец на Швајцарија

од Vladimir Zorba

Италијанската Рома го обнови својот интерес за играчот од средниот ред на Борусија (Менхенгладбах), Денис Закарија, објави италијанскиот новинар Фабрицио Романо.

Тренерот на римските „волци“ Жозе Мурињо во швајцарскиот репрезентативец гледа одлично дополнување на средниот ред на својот тим.

Договорот на играчот истекува на крајот на сезоната и досега тој не потпишал нов договор со германскиот тим.

Оваа сезона Закарија веќе забележа 5 натпревари со 2 гола и 1 асистенција.

Слични содржини