Мурињо: Уморен сум од прашањата за Али

од Nikola Popovski

Деле Али одигра само 45 минути на првите три натпревари на Тотенхем во сезоната и наводно управата на клубот е подготвена да го продаде во случај на добра понуда.

Но, менаџерот Жозе Мурињо не сака да се откаже од играчот од средниот ред.

„Кога тимот ќе стане натпреварувачки добар, тогаш играчите треба да одговорат и да напредуваат. Но, нема да замине, ќе добие свои шанси, не се сомневајте во тоа“, изјавил Мурињо на новинарско прашање на прес-конференцијата пред дуелот со Шкендија во Европа лигата и додал:

„Немам проблем со Али, тој е одлично момче. Сепак признавам дека сум уморен да прашувам за него. Секогаш чувствувам дека 99% од одговорноста е на играчите, додека јас и мојот стручен штаб, кои работиме со нив, имаме еден процент одговорност“, рекол Португалецот.

Наводно, ПСЖ го посакува Деле Али во своите редови.

Слични содржини