Мурињо во потрага по играч за врска, но рацете му се врзани

од Vladimir Zorba

Тренерот на Рома, Жозе Мурињо е во потрага по играч за врска, а како потенцијални засилувања се споменуваат Тангуј Ндомбеле од Тотенхем и Жоао Мутињо од Вулверхемптон, објавија италијанските медиуми.

Тотенхем сигурно нема да го продаде Ндомбеле, за кој во 2019 година му плати на Лион 60 милиони евра, а кога е во прашање позајмица до крајот на сезоната, Рома сепак би морала да ги убеди Спарс да преземат дел од неговата плата.

Многу пореална опција е доаѓањето на Мутињо, чиј договор со Вулверхемптон истекува во јуни, а англискиот клуб нема намера да му понуди продолжување.

Исто така, Мурињо и Мутињо имаат ист менаџер, а на Мурињо му се допаѓа и начинот на кој игра искусниот 35-годишен Португалец.

Но, за да постигне било што, Рома мора прво да го продаде Гвинеецот Амаду Дијавара, кој моментално е со својата репрезентација на Африканскиот куп на нации.

За него интерес покажува турски Галатасарај.

Слични содржини