Мурињо задоволен од одлуката на Лук Шо

од Vlatko K

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо, изрази задоволство од новиот договор со Лук Шо. Дефанзивецот повторно го продолжи договорот со „црвените ѓаволи“, со што го израдува Специјалниот.

„Среќен сум што ќе задржиме таков талент и млад англиски фудбалер со брилијантна иднина пред него“, изјави Жозе Мурињо.

23-годишниот играч останува во Манчестер Јунајтед до 2023 година.

Слични содржини