Мурињо заврши со шопингот во јануари

од Vladimir Zorba

Тренерот на Рома, Жозе Мурињо изјави дека преодниот рок за „волчицата“ е завршен и дека по доаѓањето на двајца фудбалери, на „Олимпико“ нема да доаѓа и трети.

Рома овој месец се засили со Мејтланд-Најлс од Арсенал и Серхио Оливеира од Порто. И двајцата дојдоа на позајмица со можност за откуп, што го прави Мурињо смирен пред продолжението на сезоната.

„Позајмувањето на двајца играчи подготвени веднаш за настап значи да се има уште две опции за тимот. Со Калфиори, Борха и Виљар ќе ги погледнеме минутите и ќе размислиме колку задоволително одиграа Мејтланд Нилс и Оливеира. Очекувам ли трето засилување? Не! Мислам дека направивме се што зависи од нас“, изјави Мурињо.

Да потсетиме, Мурињо минатиот викенд по поразот од Јувентус ја критикуваше менталната структура на своите играчи, што резултираше со доведување на Оливеира.

Слични содржини