Муртезај: Макрон очекува договорот меѓу Белград и Приштина до крајот на 2020 година

од Stefanija Kuzmanovska

Ваљон Муртезај, советник за надворешна политика на премиерот на Косово, Авдулах Хоти, изјави денеска дека претседателот на Франција, Емануел Макрон, му рекол на Хоти дека конечниот договор меѓу Белград и Приштина треба да биде постигнат до крајот на 2020 година.

„Макрон му рече на Хоти во Париз дека ќе биде постигнат конечен договор меѓу Косово и Србија до крајот на 2020 година“, рече Муртезај, пренесува „Клан Косово“.

Тој рече дека „аспектот на признавање е главната цел и ќе треба да биде во процес на дијалог“, потенцирајќи дека Хоти го изјавил тоа многу јасно во својата презентација.

Муртезај во емисијата „Инфо магазин“ посочи дека Макрон, исто така, рекол дека е задача на Приштина да се посвети на изнаоѓање решение, пренесува „Косово онлајн“.

„Прашањето за границата стана толку големо што Хоти сакаше да биде многу експлицитен, без дипломатски речник, тој во своите говори рече дека е неприфатливо и дека не треба да се случи“, истакна Муртезај.

Според него, на сите мора да им се стави до знаење дека е „време за признавање“.

Хоти беше во Париз на 7 јули, каде се состана со францускиот претседател Макрон.

Слични содржини