Муртезани: Блокирани се сметките на сите фирми кои му должат на МЕПСО

од Берта Китинска

Директор на АД МЕПСО, Орхан Муртезани вели дека сметките на сите компании кои имаат долг кон АД МЕПСО се блокирани, а приливите кои легнуваат на нивните сметки автоматски доаѓаат во компанијата.

Регулаторната комисија за енергетика е при крај на усвојување на новите пазарни правила согласно кои МЕПСО ќе има увид на дневна основа меѓу најавената и остварената потрошувачка.

-Во случај на флуктуација, ќе имаме можност да интервенираме и да не дозволиме финансиски реперкусии врз фирмата. Од друга страна, јавноста е навреме информирана дека во април, при обновување на договорите со учесниците на пазарот, ставивме извршна клаузула која ќе избегне долги судски процедури со кои само ќе губиме време и нема да наплатиме средства, истакна директорот, одговорајќи на новинарско прашање по промоцијата на новата дигитална опрема во преносната мрежа, кажа директорот на МЕПСО.

Слични содржини