Муртезани: Уставни измени ќе има кога ќе бидеме сигурни како ќе изгледа крајот на тој процес, несериозно е да се баарат предвремени избори

од Milan1
58 прегледи

Уставните измени ќе се реализираат во моментот кога ќе се добие сигурност како ќе изгледа крајот на тој процес, истакна министерот за европски прашања Орхан Муртезани.

-Во јавните настапи на меѓународните претставници меѓутоа и во извештајот на Европската комисија стои обврската за уставните измени за почнување на преговорите. Јас и премиерот Мицкоски во неколку наврати јасно сме кажале дека ништо не е спорно во суштината на уставните измени, меѓутоа ние сакаме да бидеме сигурни дека уставните измени нема само да го отворат процесот на преговори, туку дека тој процес ќе има крај. Во моментот кога ние ќе видиме дека процесот е обезбеден, уставните измени може да почнат да се имплементираат, изјави Муртезани.

Тој не гледа причина за нови предвремени избори заедно со локалните при стабилна влада.

-Не гледаме никаква причина за избори имајќи предвид дека Владата има скоро двотретинско мнозинство. Прво, нема ниту еден потрес Владата, ниту една криза за да идните локални избори се одржат заедно со парламентарните. Што се однесува до вмешувањето на Ахмети и ДУИ во целата приказна, тоа многу ми наликува на она кога бевме во основно образование и кога некои само еднаш во месецот ќе научеа една лекција и кога професорот ќе прашуваше кој е спремен, очите му ги вадеа на професорот дека се подготвени за тој ден. Така што, мислам дека тие изјави се несериозни и се изјави што бараат внимание бидејќи очигледно не се научени да бидат во опозиција, рече вечерва Муртезани во емисијата „Топ тема“ на телевизија Телма.

.

Слични содржини