Муса Џафери: Груби се крие и се брани зад ликот на Ахмети

од Stefanija Kuzmanovska

Дел од функционерите на ДУИ познати како „Огнената група“ вчера одржаа трибина во Кичево.

Муса Џафери, Изет Меџити, Блерим Беџети, Саранда Имери Стафаи, Висар Ганиу и други ги претставија проблемите со кои се соочува особено Кичево но и Албанците во Северна Македонија воопшто. Кичевчани масовно ги пречекаа високите функционери на Демократската унија за интеграција на вечерашниот состанок одржан со цел да се слушне гласот на народот, состојбите во ДУИ и неуспешните политики на извршната власт на ДУИ, предводена од Артан Груби.

Темите на кои се разговараше беа нереализирањето на Коридорот 8 за кој се зборува со години, заборавената болница во Кичево, како недостигот на владини инвестиции, велат „огнените“.

Претседателот на Надзорниот совет на ДУИ, Муса Џафери, рече дека толку многу инвестирале во изградбата на ДУИ што не ни помислуваат да и наштетат, а никогаш не ја нападнале фигурата на нејзиниот претседател Ахмети.

-Артан Груби деноноќно пропагандира дека работиме против Али Ахмети, рече Џафери, но вистината е дека тој се крие и се брани зад ликот на Али Ахмети. Тој и другите министри мора да покажат колку вложиле во Кичево, рече Муса Џафери.

Потпретседателот на ДУИ и пратеник во републичкото Собрание Изет Меџити пред граѓаните на Кичево побара расправата да се врати кај раководството на партијата.

-Секогаш имаше дебата внатре во партијата, но на крајот знаевме да донесеме правилни одлуки за доброто на партијата. Немаме ништо лично против никого, никогаш не сме имале лоши намери. Да се подобриме пред народот да не подобри нас, изјави Изет Меџити.

Меџити ја праша извршната власт зошто со толкава моќ извршната власт не се движи во насока на развој на албанските општини.

Организацискиот секретар на ДУИ и градоначалник на општина Сарај Блерим Беџети рече дека партиската структура оваа ДУИ со Артан Груби, не ја препознава повеќе, и затоа е и толку голем интересот на граѓаните да се вратат на вистинската визија на ДУИ.

Секретарот на ДУИ за еднакви можности, Саранда Имери Стафаи рече дека не сака ништо повеќе од транспарентност и отчетност, односно имплементација на двојазичноста, место за жените во извршната власт, и широко одлучување и не само од Артан Груби.

Градоначалникот на општина Чаир и член на Претседателството на ДУИ, Висар Ганиу, рече дека за да стигне од Скопје до Кичево му биле потребни речиси два часа, додека растојанието е помалку од 120 километри. Владините 3Д видеа изгледаат убаво, но се далеку од реалноста, рече Ганиу изразувајќи го своето двоумење дека некогаш ќе се реализираат, имајќи предвид дека ниту првите 2 километри од патот Скопје-Блаце не се завршени, изјави Ганиу.

Наредната средба со граѓани е најавена за в четврток во Гостивар.

Слични содржини