Мусака со пилешко и зеленчук

од desk2

Вкусен ручек кој ќе ве освои!

СОСТОЈКИ:
300 гр бело месо
1 тиквица
1 морков
1 брокула
3 лажици милерам или кисела павлака
100 гр гауда кашкавал
соја сос
маслиново масло
сол
бибер
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Тиквиците исечкајте ги на кругови или ленти, посолете и оставете добро да се исцедат. Морковите исто така (без посолување и цедење).
Месото исечкајте го на шницли, зачинете и пржете го од двете страни.
Брокулата кратко гответе ја во посолена вода (2 минути во врела вода).
Намастете огноотпорен сад, и редете прво тиквици, па моркови, месо, потоа брокула и остатокот од морковите. Посипете со малку соја сос и печете десетина минути во загреана рерна.
Извадете и додајте во мусаката смеса од милерам и јајца. Кога убаво ќе се запече, посипте со кашкавал.
Добар апетит!

Слични содржини