Муслиу: Бучковски со својот интелектуален капацитет е прифатен прилично добро во Бугарија

од Берта Китинска

Владо Бучковски треба да го олесни процесот со убедување на дел од бугарската јавност во искрените намери на Македонија и реализација на Договорот од 2017, вели политичкиот аналитичар Албер Муслиу во Утрински брифинг

-Бучковски не е човек паднат од небо. Тој е поранешен премиер и човек кој има добри контакти во Бугарија и неговиот интелектуален капацитет се прифаќа таму прилично добро. Кај нас секогаш ќе има тензии помеѓу власта и опозицијата, но треба да се биде поодговорен и наративот кој го користиме да биде повнимателен. Ако ние како држава го праќаме Бучковски како специјален претставник, мислам дека секој неумерен наратив кој се користи кај нас го нарушува неговиот капацитет да го потпомогне процесот, вели Муслиу.

Слични содржини