Муслиу: Малку се цени фактот што „спонзор“ на предлогот е Макрон, еден од стожерите на ЕУ

од Nikola Popovski

Не сум чул дека владата рекла „не знае“ што има во францускиот предлог. Официјално ќе го добијат и од посредувачите. Кај нас многу малку се цени фактот што „спонзор“ на иницијативата е францускиот претседател. Макрон е еден од стожерите на ЕУ. Франција не е небитна земја-членка. Тоа треба да го цениме. Не се тоа мали работи во светски рамки, рече политичкиот аналитичар Алберт Муслиу околу францускиот предлог за решавање на спорот меѓу Македонија и Бугарија.

Според него, преседанот со вклучување на билатералните прашања во преговарачката рамка е исто како што го има Србија со прашањето за Косово.

-Цело едно поглавје има Србија и услов е тоа. Не е европско прашање, туку билатерално. Повеќе земји од ЕУ ја признаа независноста на Косово, но Србија знае дека за да стане полноправна членка мора да го затвори тоа прашање. Тоа не е исклучок. Се вклучуваат нашите пријатели. Ова прашање со Бугарија е старо прашање. Присуството на нашите партнери за анализа на една од темите ќе биде битно. Не може Бугарија било кој став да го истурка како став на целата страна, вели Муслиу во емисијата „Топ тема“.

Слични содржини