Муслиу: Не можеме да инсистираме на идеални мерки од Владата, мора да се најде баланс

од Vladimir Zorba

Аналитичарот Алберт Муслиу во „Само вистина” на „Канал 5“ ТВ изјави дека мерките на Владата за справување со економската криза поттикната од коронавирусот не се идеални, но декаочекува во следниот период тие да бидат засилени. Според него „владата не може да ги измисли финансиите, туку треба да ги обезбеди“.

– Ние имаме една колективна навика да се жалиме за што и да се прави. Не можеме ние да инсистираме дали владата ќе отпушта вработени или ќе прима вработени, да инсистираме да има идеални мерки. Не можеме да инсистираме да паѓаат даноците, а да се зголемуваат мерките. Тука треба да се најде правиот баланс, не дека овие мерки што се спроведуваат се идеални, но верувам дека во периодот што следи тие ќе бидат засилени. Треба да се поздрави фактот е што имаме инсистирање на опозицијата да се зголемат финансиите кои ќе се вбризгаат во економијата. Се надевам дека владата тоа ќе го прифати, вели Муслиу.

Во ситуација каде нема прилив во буџетот, а има само одлив, Муслиу смета дека секако Владат ќе мора да оди на задолжување.

Слични содржини