Муслиу: Не се издржани аргументите за одложување на изборите

од Aleksandar Petrovski

Аналитичарот Алберт Муслиу во гостувањето во „Само Вистина“ истакна дека не се издржани аргументите за одложување на изборите.

-Од сите тие кои имаат циклус на избори имаат дилеми како тоа да го изведат, гледаме Франција која го одржа првиот изборен круг па го одложи сега пак ќе го одржи. Ние сме единствени кои сме најдени во расчекор, немаме ни Парламент, а имаме предвремини избори и треба да одржиме избори. Пандемијата не е аргумент да не се одржат изборите. Здравјето на граѓаните е секогаш прво, но ние ако сакаме апсолутно чување на здравјето треба целосно да се затвориме, 30 дена за евентуално да ја сузбиеме моменталната ситуација ама вирусот е вирус не можете да го укинете. Ние со оваа болест ќе се бавиме се до моментот кога 80 посто од граѓаните ќе бидат вакцинирани кога таа ќе се пронајде. Разликата сега и март е евидентна граѓаните се посвесни како можат да се заразат и затоа носат заштитни маски и почитуваат социјална дистанца.
Не може да очекуваме ние се друго да се ослободува, мерките да се реалксираат, а изборниот процес да не се одржи, тој не е ништо поразличен од одење до кафана, супермаркет итн. Целата процедура трае 15-20 минута ако сте добро заштитени вашиот живот не е во ризик, а ако не се штитите и во супермаркет ако одите можете да се заразите. Овие аргументи кои ги слушам не се издржани, затоа што тоа може да случи и во септември и во декември, ќе го продолжуваме ние ова се до крај на 2021 кога поголем број на овие граѓани ќе бидат вакцинирани и тогаш ќе бидеме безбедни од коронавирус, смета Муслиу.

Слични содржини