Муслиу: Не сфаќам како опозицијата која е најголем противник за одржувањето на изборите, се противеше за враќање на Парламентот

од Nikola Popovski

Политичкиот аналитичар, Алберт Муслиу за емисијата „Што не е јасно“, изјави дека не разбира како тие кои се најголеми противници за одржување на изборите биле најголеми противници за враќање на Парламентот.

„Да се вратеше Парламентот ние ќе бевме излезени од вонредната состојбата и ќе продолжевме да функционираме се до моментот за избори“, смета Муслиу.

Тој изјави дека овој систем е веќе ставен под контрола.

„Вие во февруари немавте луѓе со маски низ градот, немавте протоколи за работа на објекти. Повеќето граѓани се внимателни, а да не беа целата држава ќе се заразеше за три недели. Сите бевме пријатно изненадени како се менаџираше процесот од февруари до мај“, заклучува Муслиу.

Слични содржини