Муслиу: Оваа влада има обврска умно да се однесува и на никого да не му прави ќефови

од Берта Китинска

Ние сме на Балканот па и бугарските политичарите не се однесуваат европски. На неодговорните изјави од Каракачанов ние треба умерено и умно без говор на омраза да реагираме, вели  Алберт Муслиу во емисијата Само Виситна.

-Каракачанов со своите изјави се однесува балкански.Фашизмот во Европа не бил тајно па тој да се изманипулира, ниту па ние имаме должност и време да ги едуцираме тие во Бугарија кои живеат во романтичен сон дека не биле колабрационисти, вели Муслиу

Тој напомнува дека блокирањето во ЕУ може да дојде од секоја земја членка и дека се уште е оптимист за влез во Европската Унија.

-Оваа влада има обврска умно да се однесува и на никого да не му прави ќефови, во врска со јазикот и индетитетот, вели Муслиу.

Слични содржини