МУТАЦИИТЕ НОСАТ ПОГОЛЕМА ОПАСНОСТ: Предупредување на француски научник за коронавирусот!

од Nikola Popovski

Додека Европа е загрозена од британскиот вид, се дознава дека во светот, во овој момент, демнеат дури четири варијанти на коронавирусот, кои се позаразни и поотпорни.

Новите видови корона се бразилскиот и калифорнискиот, покрај веќе познатите, јужноафрикански и британски.

– Овој вирус е многу попаметен отколку што мислиме , изјавил претседателот на Францускиот научен совет, Жан-Франсоа Делфреси, главниот советник на властите за време на пандемијата, опишувајќи ја можноста за прилагодување на коронавирусот на тактиките на човечката одбрана.

Британската варијанта брзо се шири низ континентална Европа. Во Франција, за две недели, процентот на заразени со овој вид во однос на вкупниот број на новоинфицирани лица се зголеми од два на седум, до девет проценти.

Делфреси посочува дека првите студии покажуваат дека постојните вакцини се ефикасни против британскиот вид. Алармантна вест, сепак, тој објави кога станува збор за други варијанти. Потпирајќи се на најновата американска студија, тој посочил дека јужноафриканските и бразилските соеви ја намалуваат ефикасноста на вакцината за дури 40 проценти!

Исто така, според професорот Делфреси, постојните антитела во организмот од веќе постојната болест многу малку ги неутрализираат овие два вида или воопшто не ги неутрализираат. Како пример, тој ја наведе ситуацијата во бразилскиот град Манаус, каде што три четвртини од граѓаните од првиот бран веќе имале антитела, но каде што ситуацијата во моментов е критична. Во Јужна Африка, масовно се инфицираат и луѓето кои веќе се заразиле со оваа болест.

Бразилската варијанта е забележана во Германија, а еден случај од Калифорнија е регистриран во Данска. Во Франција, јужноафриканскиот вид претставува еден процент од сите заразени.

Поради сето ова, Франција сериозно ја разгледува можноста за повторно воспоставување општ карантин, што е веќе направено во околните земји. Надежта се гледа во можноста на лабораториите да ја модифицираат вакцината на новите видови.

„Пастер“ се откажа од првата вакцина

Лоша вест беше објавена во понеделникот од познатиот француски институт „Пастер“, кој ја запре работата на нејзиниот главен проект за вакцината против короната, нагласувајќи дека првото истражување покажало помалку ефикасност отколку што се очекувало. „Пастер“ истражува уште две вакцини, едната врз иновативен принцип во форма на спреј за нос, а другата, од типот на РНК, како „Фајзер“.

Слични содржини