Мутацијата на Ковид-19 со потекло од Јужна Африка е потврдена и во САД

од Nikola Popovski

Медицинските власти во Јужна Каролина објавија дека открија два случаи на коронавирус, што првпат беа откриени во Јужна Африка, кои се првите регистрирани случаи на оваа мутација во САД.

Станува збор за две лица кај кои е откриено присуство на мутацијата B.1.351 на коронавирусот со потекло од Јужна Африка, но се чини дека не е меѓусебно поврзано, пренесува Ројтерс.

Ниту еден од нив не патувал во последно време.

Иако потеклото од Јужна Африка е откриено во над 30 земји во светот, случаите од Јужна Каролина се првите потврдени во САД.

Центрите за контрола и превенција на болести на САД (ЦДЦ) соопштија дека појавата на нов, позаразен вид на коронавирус ја нагласува потребата од брза вакцинација за да се намали можноста вирусот да продолжи да мутира.

Слични содржини