„Мутираниот вид на коронавирус може да влијае на лажно-негативните резултати од ПЦР-тестовите“

од Nikola Popovski

Управата за храна и лекови на САД (ФДА) го предупреди медицинскиот и лабораторискиот персонал дека генетските мутации во коронавирусот, вклучително и варијантата Б.1.1.7 откриена во Велика Британија, може да доведат до лажно негативни резултати од молекуларниот тест (ПЦР).

ПЦР-тестот е молекуларна постапка заснована врз докажување на присуството на вирусната РНА молекула.

Агенцијата го предупреди персоналот на клиничката лабораторија и давателите на здравствени услуги за можни лажно-негативни резултати од кој било ПЦР тест и ги повика внимателно да ги разгледаат ваквите резултати во комбинација со клинички опсервации и да го повторат испитувањето, но со поинаков тест доколку сеуште постои сомневање за Ковид-19.

Лажен негативен резултат може да се појави со кој било ПЦР тест, ако мутацијата се случила во дел од неговиот геном што се тестира, предупредува ФДА, додавајќи, сепак, дека ризикот од такви мутации да влијаат на целокупната точност на тестот е мал.

Нова варијанта на вирусот од Велика Британија е забележана во САД

Агенцијата забележа дека анализата открила дека резултатите од трите тестови за коронавирус одобрени за итна употреба во САД може да бидат погодени од генетски мутации на коронавирусот, но се чини дека тоа влијание не е значајно.

Заразената варијанта на Ковид-19 што ја погоди Велика Британија е забележана во најмалку пет држави во САД, објави минатата недела директорот на Националниот здравствен институт Френсис Колинс, а научниците во петокот рекоа дека новоразвиената вакцина треба да биде исто толку ефикасна и против новата варијанта на коронавирус.

Слични содржини