Муцунски: Аеродром e прва општина што пренаменува маркица од згради во паркови

од Nikola Popovski

Денеска на моја иницијатива до советот на Општина Аеродром беше поднесено барање за започнување на постапка за бришење на две градежни маркици во Реонски Центар каде беше предвидено да се гради општинска зграда и станбена зграда, информира вечерва новиот градоначалник на општината, Тимчо Муцунски.

Тој потенцира дека е среќен што советот ја изгласа оваа иницијатива и дека конечно ќе се слуша гласот на граѓаните.

-На ова место во нашата програма предвидовме да има парк од 5000м2 со монтесори содржини. Промените на владеење во Општина Аеродром се случуваат. Одговорното работење е наш приоритет!, додава Муцунски.

Слични содржини