Муцунски: Да се остави простор за нова влада која ќе работи реформски

од Nikola Popovski

Членот на ВМРО-ДПМНЕ и нов градоначалник на општина Аеродром, Тимчо Муцунски го дели ставот на партијата, дека време е за нова власт во државата.

-СДСМ и Заев ја претворија кампањата во референдум за националните политики и во таа смисла доблесно е да се реализира ветеното, односно оставката на премиерот. Сметам дека треба да се остави простор за влада што ќе работи реформски. Резултатите од изборите го покажаа тоа, изјави Муцунски како одговор на новинарско прашање.

Слични содржини