Муцунски: Драго ни е за влезот во НАТО, ова е успех на целата нација

од Viktor Jovanov

Драго ни е што оваа политичка цел конечно се оствари, успех е на целата нација. Република Македонија го заслужува членството во НАТО и ЕУ, тоа е предност и колективен успех за сите генерации, изјави Тимчо Муцунски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Ова е значаен получекор кон отпочнување на преговори, треба да се одржи меѓувладина конференција на која треба да се одлучи кога ќе отпочнат преговорите. Ова е значен момент, низ нашата евроинтеграциска приказна, и е момент после кој треба да работиме и да не биде само декларативна промена на општеството туку да има значителни реформи, вели Муцунски.

Слични содржини