Муцунски: Граѓаните ќе добијат повисоки сметки за струја заради неспособното менаџирање на власта

од Берта Китинска

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски одговарајќи на новинарско прашање зошто се уште власта не го носи Законот за намалувањето на ДДВ на струјата, а веќе почна нов месец, вели дека повисоките сметки за струја се  заради неспособноста на ова владејачко мнозинство.

-Граѓаните ќе добијат повисоки сметки за струја заради неспособноста на ова владејачко мнозинство да менаџира соодветно со Собранието и да ги антиципира и пазарните текови поврзани со цената на струјата, изјави Муцунски.

Тој  истакна дека Законот помина во Комисијата за финансирање и буџет со која претседава ВМРО-ДПМНЕ, но дека власта не го става овој Закон на пленарна седница, како и дека ги одби другите предлози за олеснувања.

Слични содржини