Муцунски: Граѓаните стравуваа од пописот

од Nikola Popovski

„Морам да се согласам дека одлуката за одложување на пописот е најразумна и добра, зад која ВМРО-ДПМНЕ цврсто стои“, вели пратеникот од редовите на најголемата политичка партија, Тимчо Муцунски за емисијата „Вин-вин“.

Според него, наоѓањето правен механизам е обврска на пратениците кон граѓаните, кои што, како што вели тој, стравувале од пописот, поради моментот кога требаше да се организира.

„Час поскоро мораме да го донесеме овој закон за одложувањето на пописот“, потенцира Муцунски.

Денес 95 пратеници ја одобрија потребата за промена на Законот за попис на населението, а седуммина гласаа против. Предлог измената на Законот предвидува одложување на пописот за септември. Опозицијата од редовите на Албанците, Алијанса за Албанците и Алтернатива за да се спротивстават на одложувањето поднесоа 200 амандмани.

Слични содржини