Муцунски на кафе дружење со ривалите: Да испратиме порака за обединување

од Nikola Popovski

Новиот градоначалник на општина Аеродром, Тимчо Муцунски вечерва објави дека денеска седнал на кафе со своите противкандидати на локалните избори.

-Ги поканив моите противкандидати на кафе дружење за да испратиме порака за обединување кое не само на Аеродром, туку и на цела Македонија ѝ е потребно. Сè ова го направив со цел да излеземе од оваа состојба во која се наоѓаме и да го подобриме животот на нашите сограѓани, напиша тој на Фејсбук.

Муцунски наведе дека секоја идеја, секој проект кој е од интерес на граѓаните ќе го прифати и реализира.

-Аеродром е на сите нас. Заедно да придонесеме за нашето маало!, стои во објавата.

Тимчо Муцунски освои 57,34 отсто од гласовите, додека неговиот противкандидат од СДСМ, Александар Филиповска 24,91 отсто. Со тоа тој стана градоначалник уште после првиот круг од изборите.

Слични содржини