Муцунски нов меѓународенсекретар на ВМРО-ДПМНЕ, Нелоски на чело на Градскиот комитет Скопје

од Vladimir Zorba

Во текот на вчерашната вечер се одржа првата седница на новиот состав на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ при што се разгледувала актуелната политичка и економска ситуација, како и се донесоа повеќе кадровски решенија како дел од катарзата во ВМРО-ДПМНЕ.

Извршниот комитет донесе повеќе кадровски одлуки..

Извршниот комитет донесе одлука за именување на Владимир Нелоски за нов претседател на Градскиот комитет Скопје на ВМРО-ДПМНЕ.

Извршниот комитет донесе одлука за именување на Тимчо Муцунски и Владимир Ѓорчев за меѓународни секретари на ВМРО-ДПМНЕ.

Извршниот комитет донесе одлука за именување на Иванка Василевска за координатор на централните комисии при ВМРО-ДПМНЕ.

Извршниот комитет донесе одлука за избор на Игор Здравковски за претседател на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Велес.

Воедно Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука за распишување оглас за избор на нови претседатели на општинските комитети и тоа:
• БЕРОВО
• БОСИЛОВО
• БОГДАНЦИ
• ДЕЛЧЕВО
• ДОЈРАН
• КОЧАНИ
• КРИВА ПАЛАНКА
• КРУШЕВО
• МАВРОВО И РОСТУШЕ
• НОВО СЕЛО
• ПРИЛЕП
• РАДОВИШ
• СТРУМИЦА
• ВАСИЛЕВО
• КУМАНОВО

Слични содржини