Муцунски: Покачувањето на даноците е анти-пазарна и анти-деловна политика на Владата

од Vladimir Zorba

Во денешната посета на општина Ѓорче Петров, пратеникот и секретар за меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски, во врска со најавата од власта за зголемување на даноците вели дека најмалку логичен чекор треба да зголемувањето на даноците, во ситуација кога имаме илјадници сограѓани без работа, зголемување на цените на производите и енергенсите, а стопанството е оптоварено со катастрофални економски политики, власта води анти-пазарни и анти-деловни политики.

-Треба да ги гледаме актуелните трендови во нашата економија, илјадници наши сограѓани од оваа криза имаат изгубено работни места, не се преземени соодветни мерки за да се заштитат работните места на граѓаните, гледаме најава од НБРМ за зголемена инфлација, за зголемување на цените на производите, за покачување на цените на енергенсите, а тоа веќе почнуваме да го чувствуваме, а во период кога бизнис секторот е оптоварен со катастрофални економски политики, во период кога граѓаните живеат се потешко и потешко, најмалку логичен чекор е да има зголемување на даноците, порача Муцунски.

Тој посочи дека во рамките на собраниските дискусии ВМРО-ДПМНЕ често алармираше дека има најави за вакви трендови, но од власта убедуваа дека нема да се случи истото, па дури ќе имало и намалување на даноците.

За жал трендот на анти-пазарна и анти-деловна политика на оваа Влада продолжува – критикуваше Муцунски.

Слични содржини