Муцунски: Заокружување на бројот три е дерогирање на правниот систем

од Nikola Popovski

Тимчо Муцунски, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за пратеник во Првата изборна единица и меѓународен секретар на партијата, на вечерашното гостување во „Само вистина“ на Канал 5 телевизија, истакна дека бројот три кој сега СДСМ бара да се заокружи е дерогирање на правниот систем и „потсетува на три години катастрофално владеење и три амнестии кои оваа власт ги направи“.

– Барате да го подржат бројот три, а во три години имате направено три амнестии, прво огромна група на граѓани  815 лица кои ги амнестиравте осудени за сериозни кривични дела. Втората амнестија за референдумот кој граѓаните не го подржаа, па најдовте начин да направите амнестија која во правната наука е атипична. И последната амнестија е Законот за обвинителство, каде во него бомбите одеднаш не смеат да се користат, а и снимките како материјали не смеат да се користат во кривичната постапка иако тоа беше една од заложбите на СДСМ, вели Муцунски.

Тој истакна дека бројот три кој сега бараат граѓаните да го заокружат, го потсетува на три години катастрофално владеење на СДСМ и три амнестии, како и тоа дека тоа е директно дерогирање на правната држава.

Муцунски оцени дека правната држава и правосудниот систем беа еден од најголемите симболи со кои социјалдемократите дојда на власт со реториката „Нема правда нема мир“ и ветување за правда и одговорност посебно за група поединци, кои сега, според него, се во најблиски релации со СДСМ.

Слични содржини