Музејот на Народна банка доби признание за зачувување и популаризација на културното наследство

од Vladimir Zorba

Музејот на Народната банка доби признание од Македонскиот национален комитет на Меѓународниот совет на музеите (МНК ИКОМ) за залагањата за зачувување и пoпуларизација на нашето културно наследство – непроценливата нумизматичка збирка на Народната банка.

Музејот е добитник на пофалница „18 Мај – Меѓународен ден на музеите за 2021“ за Mузејски проект на годината за проектот Видеобелешки на Музејот на Народната банка.

-Овој проект поседува повеќе значења и цели насочени кон унапредувањето на едукацијата на учениците за културно-историското наследство како модерна алатка за воспоставување кохезивни врски внатре во општеството. Со проектот всушност се врши мултимедијална презентација на различни парични средства коишто биле ковани на македонска почва од крајот на 6 век пр. н.е. па сè до 17 век https://www.nbrm.mk/muzejska-edukacija-ns_article-videobeleshki-na-muzejot-na-narodnata-banka-y.nspx

-Исто така, проектот има за цел и да ги едуцира помладите генерации, односно учениците од трето до деветто одделение, и за парите, нивните функции и карактеристики во минатото, но и денес, како и за начините за нивно професионалното чување и заштита на монетите, наведуваат од НБ во објава на Фејсбук.

Од Народната банка посочуваат дека за нив и за Музејот, ова признание од страна на Меѓународниот совет на музеите е од големо значење, и претставува инспирација за реализација на нови проекти кои би имале за цел идно презентирање на македонското културно богатство, дома и пред светот.

Слични содржини