Музичари од бивша Југославија пеат заедно: И ова ќе помине! (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Вознемирени од сегашната состојба поради коронавирусот, но и од неодамнешниот силен земјотрес во Загреб, фронтменот на групата „Хладно пиво“, Миле Кекин, напиша нова песна „И ова ќе помине“.

Во видеото учествуваат и голем број музичари од регионот, кој заедно ја пренесува оваа моќна порака, вклучително и членови на „Дубиоза колектив“, Џибони, Едо Мајк, Реми од Елементал, Амира Медуњанин…

Песната завршува со Рамбо Амадеус, кој вели: „Со мајка природа треба да се биде во хармонија, секој мора да го научи ова, затоа што ако продолжиме како и обично, природата ќе нè удри уште полошо“.

Слични содржини