Музичката индустрија во САД повика на прекин на работата поради Џорџ Флојд, МТВ ќе сопре со емитувањето и ќе оддаде почит

од Nikola Popovski

Музичката индустрија во САД денеска ќе ја прекине работата на еден ден, реагирајќи на смртта на невооружениот Афроамериканец Џорџ Флојд, кој беше задушен од полицискиот службеник Дерек Човин во Минеаполис за време на апсењето.

Сите три најголеми американски издавачки куќи објавиле на социјалните медиуми дека ќе престанат да работат еден ден и „повторно ќе се поврзат со својата заедница“, пишува Би-Би-Си.

Вработените денес се слободни, а вторник бил прогласен за „ден на акција, чија цел е да ги охрабри луѓето да преземат одговорност и да се променат“.

„Interscope“ ветил дека нема да објавува нова музика оваа недела, додека Ебро Дарден од „Apple Music“ ги откажал своите радио-емисии.

Бројни големи sвезди се изјасниле по повод смртта на Флојд. Ријана на Инстаграм ги сподели чувствата на лутина и тага низ кои минала изминатата недела. „Тешко ми е да гледам како мојот народ се убива и јавно егзекутира од ден во ден“, напишала пејачката.

‪we ain’t buying shit!!! and we ain’t selling shit neither!! gang gang! #BLACKOUTTUESDAY AF!!! FEИTY fentybeauty SavageXFenty 💪🏿💪🏿💪🏿‬

Публикувахте от Rihanna в Понеделник, 1 юни 2020 г.

Бијонсе објави видео на Инстаграм, во кое ги замолува нејзините фанови да потпишат петиција во која се бара правда за Флојд. „Сите бевме сведоци на неговото убиство среде бел ден. Скршени сме“, напишала таа.

Речиси и да нема јавна личност во САД кои не го искоментираа случајот со Џорџ Флојд. Лејди Гага на својот Твитер профил напишала дека гласот на црната заедница е замолчен долго време и дека смртта на Флојд е резултат на системскиот расизам и корумпираниот систем.

Тејлор Свифт го изразила својот гнев кон претседателот Доналд Трамп на Твитер, а претседателот не бил поштеден и од фронтменот на „Ганс енд Роузес, Аксел Роуз, кој се обрати директно до Трамп, одговарајќи на неговиот твит.

Аријана Гранде, Ник Канон, Јангблад, Камила Кабељо и Шон Мендез во текот на викендот се придружија на протестите одржани низ Америка.

Телевизискиот музички канал МТВ и други сродни канали ширум светот во понеделникот објавија дека ќе ги замрачат екраните обележувајќи ја насилната смрт на Афроамериканецот Џорџ Флојд и придужувајќи им се на останатите медиуми во осудата на расната нееднаквост.

Најавија дека во понеделник во 17 часот по локално време на 8 минути и 46 секунди ќе ги замрачат екраните, точно толку време колку што минатата недела полицаецот на Флојд со коленото му го притискаше вратот.

Слични содржини