Актуелно
Почетна / Сцена / Музичкиот свет во тага: Почина талентираниот рапер Juice Wrld

Музичкиот свет во тага: Почина талентираниот рапер Juice Wrld

Раперот Juice Wrld, чија кариера штотуку зазеде светски правец, ненадејно починал на аеродромот Мидвал во Чикаго.

Тој слетал рано утрово, а сведоците на ужасниот настан кажале дека му се случило и дека почнал да крвари низ устата, по што се онесвестил.

Кога пристигнала екипата на итната помош уште покажувал знаци на живот, но кратко потоа бил прогласен за мртов.

Тој реализираше неколку хитови, а најголемо музичко достигнување му е песната „Lucid Dreams“ од летото 2018, која се искачи на второто место на светските топ-листи.

Причините за смртта ќе бидат познати по обдукцијата.

loading...