Музичко-поетски настап на Колозимо, Попивода и Сарџоска на „Модоарс“

од Vladimir Zorba

Во рамки на Фестивалот за современа музика „Модоарс 2018“ вечер во Даут Пашин Амам концерт ќе одржат реномираната оперска пејачка Розалба Колозимо, сопран од Италија во придружба на пијанистката Ема Попивода.

Тие ќе настапат со оперски арии од Пучини, Белини, Тости, Хендел, Поулен и Бернштајн, но и изведба на наполетанска традиционална музика. На концертот свој слем поетски рецитал ќе има и поетесата Наташа Сарџоска придружена со пијано.

Фестивалот е поддржан од Министерството за култура.

Фотографија: НГМ

Слични содржини