МВР: 121 сообраќајни прекршоци во Скопје

од Vladimir Zorba

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 121 мерка, кои за возење повеќе од дозволената брзина 16 санкции, 12 мерки за возење без возачка дозвола, 32 прекршоци што ги чинат пешаците, три санкции за нерегистрирани возила, 38 за непрописно паркирање.

„Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“, соопштуваат од МВР.

Слични содржини