МВР: 161 санкционирани возачи во Скопје, 23 за управување под дејство на алкохол

од Vladimir Zorba

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (14.05.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 161 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 22 санкции, 14 мерки за возење без возачка дозвола, 32 мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.

Изречени се 10 мерки за користење на мобилен телефон, 23 санкции за возење под дејство на алкохол, пет мерки за технички неисправни возила и нерегистрирани возила, осум санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло)…

Слични содржини