МВР: 164 санкционирани возачи во Скопје, 16 за возење под дејство на алкохол

од Vladimir Zorba

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (07.05.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 164 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 35 санкции, 11 мерки за возење без возачка дозвола, 16 санкции за возење под дејство на алкохол.

Изречени се 43 мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, две мерки за користење на мобилен телефон, две санкции за прекршоци што ги прават пешаците, 21 за непрописно паркирање…

Слични содржини