МВР: 200 казни во Скопје, 21 за возење без возачка дозвола

од Vladimir Zorba

Секторот за внатрешни работи Скопје вчера продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 200 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 97 санкции, 21 мерки за возење без возачка дозвола, седум санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила.

Изречени се 13 санкции за управување под дејство на алкохол, две мерки за користење мобилен телефон при возење, осум санкции за минување на затворен сигнал односно на црвено светло…

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

Полицијата апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Слични содржини