МВР: 211 сообраќајни прекршоци во Скопје, 70 за брзо возење

од Vladimir Zorba

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот, при што на територија на град Скопје изречени се вкупно 211 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 70 санкции, 16 мерки за возење без возачка дозвола, 21 санкциja за возење под дејство на алкохол.

Изречени се три мерки за користење мобилен телефон при возење, две за возач почетник, шест санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло…

Од МВР информираат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Слични содржини