МВР: 25 лица не ја почитувале забраната за движење

од Берта Китинска

Во текот на изминатото деноноќие од страна на министерството за внатрешни работи констатирано е дека:


По однос на забраната за движење на ниво на целата држава 25 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 17 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.

На територијата на државата, според евидентираните податоци, на 27 лица им се издадени решенија за изолација, а 138 лица потпишале изјави за самоизолација.

Во државен карантин се спроведени 13 лица.

Слични содржини