МВР: 409 санкционирани возачи во Скопје

од Vladimir Zorba

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот
Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 409 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 57, 46 за неисправни и нерегистрирани возила, 55 мерки за неносење сигурносен појас и 89 мерки за непрописно паркирање.

„Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот“, велат оттаму.

Слични содржини