МВР: 95 лица приведени за време на вчерашниот полициски час

од Берта Китинска

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на државата на 109 лица им се издадени решенија за изолација, а 112 лица потпишале изјави за самоизолација, соопшти МВР.

Полициски час

Според статистиките на МВР, од страна на полициски службеници извршени се контроли над лица во изолација и самоизолација, при што е констатирано дека едно лице, во самоизолација, не било затекнато во својот дом.

Во однос на забраната за движење во текот на изминатите 24 часа евидентирано е дека на ниво на цела држава 242 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 95 лица, опоменати се 37 лица, а за останатите се изготвени записници, се наведува во соопштението од МВР.

Слични содржини