МВР Билтен

од Vlatko K

На 13.07.2019 во 18.30 на Граничен премин Меѓународен aеродром- Скопје“ на влез во Република Северна Македонија по извршена пасошка контрола и проверка во Оперативна евиднција констатирано е дека З. Б (36) од Велес евидира со мерка “А” (апси).

МВР денеска соопшти дека лицето е приведено и во 22,00 часот е предадено на Полициска станица Aеродром за спроведување до КПУ Затвор Скопје.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.И.(20) од тетовското село Џепчиште, Г.Р.(24) и Б.Р.(25), двајцата од тетовското село Порој, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ и „овозможување на употреба на наркотични дроги“. На 22.12.2018 година на локалниот пат село Џепчиште – село Требош, тетовско, полициски службеници извршиле преглед на лица и патничко возило, управувано од второпријавениот, а прво и третопријавениот биле сопатници, при што била пронајдена и одземена марихуана.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против С.Л.(43) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 13.04.2019 година во кумановското село Черкези, полициски службеници извршиле контрола на патничко возило „Фолксваген Пасат Вариант“, при што пронашле и одзеле хероин.

Секторот за внатрешни работи Скопје ќе поднесе кривична пријава против лицето Е.Б.(24) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека извршил едно кривично дело „разбојништо“ и едно кривично дело „тешка кражба“, при што се стекнал со противправна имотна корист од 37.800 денари. На 10.03.2018 година пријавениот со товарно возило извршил „тешка кражба“ во живинарска фарма во населба Илинден, а на 17.11.2018 пријавениот, заедно со уште две лица, физички нападнале такси возач и со закана му одзеле пари.

На 13.07.2019 година околу 14,30 часот на регионалниот пат с.Маврово-с.Галичник се случила сообраќајна незгода помеѓу патнично моторно возило „опел корса“ со скопски регистарски ознаки управувано од С.Б (38) од Скопје, и патничко моторно возило „дачија логан“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.Ф (57) од Скопје. В.Ф се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен е во болницата во Гостивар. Увид извршила увидна екипа на ПС-Гостивар.

Слични содржини