МВР Билтен

од desk2

На 21.07.2018 година во 10,35 на улица “Стокхолмска“ во Скопје, патничко моторно возило “Цитроен Џампер“ со скопски регистерски таблици управувано од Д.И.(37) од Скопје удрил во пешаците Н.Т.(55) од Скопје и С.С.(53) од Република Србија. По незгодата на местото на настанот излегла екипа на Итна медицинска помош каде на пешаците им била укажана прва помош на самото место по што Н.Т. била пренесена во Градската општа болница „8-ми Септември“ каде од страна на лекар и биле констатирани тешки телесни повреди. Извршен бил увид и се работи на целосно расчистување на случајот.

На 21.07.2018 година во 15,20 часот на автопат од Велес кон Скопје, во близина на патарината кај Петровец се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило “Пежо 206“ со скопски регистерски таблици управувано од М.П.(53) од Скопје и моторцикл “Дукати Панигале“ со скопски регистерски таблици управуван од Љ.К.(44) од Скопје. По незгодата со возило на Итна медицинска помош Љ.К. бил пренесен во Комплексот Клиники “Мајка Тереза“ и од страна на лекар му биле констатирани тешки телесни повреди по што бил задржан на понатамошно лекување. Извршен бил увид и се работи на целосно расчистување на случајот.

На 21.07.2018 година во 11,40 часот во Скопје, на влезот од Зелен Пазар, од страна на полициски службеници од Полицискта станица Центар, поради постоење основи на сомнение за извршено кривично дело „кражба“ приведени биле се Н.З.(19), М.Д.(41) и А.Д.(27), сите од Бугарија. Истите биле приведени во полициска станица за понатамошна постапка.

На 21.07.2018 година во 19,15 часот во реонот на место викано „Солунски пат“, од страна на патролниот тим од Полициската станица за Граничен премин и Граничен надзор “Стар Дојран“ поради илегален премин на државната граница од Грција во Република Македонија, бил приведен Д.М. (24) од Албанија. Со истиот бил извршен разговор, по што ќе биде изведен пред Судија за прекршоци во Основниот Суд-Гевгелија, за понатамошна постапка.

На 21.07.2018 година во 20,30 часот на автобуската станица во Гевгелија, од страна на патролен тим од Полициската станица за Граничен премин и Граничен надзор “Богородица“ биле откриени шестмина државјани на Иран и четворица државјани на Индија, кои оствариле илегален влез од Р.Србија во Република Македонија. Лицата се приведени во полициска станица на понатамошна постапка.

Слични содржини