МВР Билтен

од desk4

На 23.08.2019 во 05.15 часот во СВР Струмица бил приведен Д.Ѓ.(23) од село Куклиш, за кого била распишана потерница од Затвор Прилеп. Лицето било предадено во Казнено-поправната установа – Затвор Прилеп.

На 22.08.2019 во 23.30 часот во СВР Охрид бил приведен К.Н.(22) од Охрид поради тоа што при претрес на улица ,,15-ти Корпус” кај него биле пронајдени и одземени прашкаста материја, марихуана и таблети. По целосно документирање на случајот, соопшти денеска МВР, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 23.08.2019 во 22.40 часот на магистралниот пат Струмица – Ново Село, на крстосница за с.Зубово и с.Ново Село, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „ауди а6“ со струмички регистарски ознаки, управувано од А.Ј.(51) од Ново Село и патничко моторно возило „опел зафира“ со струмички регистарски ознаки, управувано од К.К.(54) од с.Зубово. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил К.К., додека А.Ј со телесни повреди. На двајцата им била укажана помош во болницата во Струмица. Увид на местото на настанот извршила екипа на СВР Струмица.

На 23.08.2019 во 22.10 часот во СВР Велес, Т.Ј.(48) од Велес пријавил дека истиот ден околу 20.00 часот на ул.„Кукушка“ неговиот син бил каснат од куче скитник во пределот на десната нога.

На 23.08.2019 во 23.40 часот во СВР Битола, Ф.И.(26) од с.Арачиново, скопско, пријавил дека на патот Градско – Прилеп, додека го управувал неговото патничко возило „мерцедес” со скопски регистарски ознаки, во моторот на возилото настанал пожар. Ф.И. сам го изгаснал пожарот. Повредени лица нема. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Прилеп.

На 24.08.2019 во 00.55 часот во СВР Скопје било пријавено дека кај место викано ,,клучка Волково” настанал пожар во ливада. Пожарот е изгаснат од Противпожарната единица од Скопје, а во пожарот изгорела сува трева.

На 24.08.2019 околу 01.40 часот во полициската станица Бит Пазар било пријавено дека поради семејни недоразбирања на улица „Прохор Пчински“ бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу А.Н.(28) од Скопје од една страна и А.А.(52), С.А.(47) и Е.А.(27), сите од Скопје, од друга страна. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 23.08.2019 во 14.50 часот во СВР Битола било пријавено дека настанал пожар на место викано „Опаленик“ во с.Врбоец, при што горела сува трева и расадник во сопственост на М.А. од Крушево. Од екипи на противпожарни единици од Крушево и Кривогаштани пожарот бил изгаснат. Увид на местото на настанот извршила екипа на СВР Битола.

На 24.08.2019 во 00.15 часот во Полициската станица Гази Баба, Д.М.(39) од с.Стајковци, скопско, пријавил дека на 23.08.2019 во 23.30 часот во село Стајковци бил физички нападнат од неколку лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 23.08.2019 во 18.00 часот во Полициската станица Драчево било пријавено дека во поликлиниката Драчево, С.В.(26) од с.Морани, скопско, физички ја нападнал Г.С.(34) и нејзината ќерка. Сочинет записник за констатиран прекршок по член 12 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.

На 23.08.2019 околу 14.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улица „Дринска” поради нарушени меѓусоседски односи бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу С.И.(23), И.С.(56) и Ф.С.(21) сите од Скопје од една страна и А.А.(34) и двајца малолетници, сите од Скопје, од друга страна. Сочинети се записници за констатиран прекршок по член 11 став 3 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.

На 23.08.2019 во 14.43 часот на ул.„Никола Карев“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „голф“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на МВР, а управувано од Д.Б.(23) од Скопје и патничко возило „киа“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.М.(39) од Скопје. Во незгодата со телесни повреди се здобиле Д.Б. и уште еден сопатник од „голфот“ и двајца сопатници од возилото „киа“ на кои им била укажана помош во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Увид извршила екипа од СВР Скопје.

На 23.08.2019 во 23.22 часот во СВР Скопје било пријавено дека во парк „Аеродром“ бил нарушен јавниот ред и мир со физички напад од Д.П.(42) од Скопје врз М.А.(73) од Скопје. Според пријавеното, Д.П. најпрво со своето возило „фолксваген “ со скопски регистарски ознаки удрил во паркираното возило „фолксваген кеди“ со скопски регистарски ознаки, во кое бил М.А., а потоа и физички го нападнал со метален предмет. Двајцата претходно имале расправија околу продажба на производи. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 23.08.2019 во 18.45 часот во Полициската станица Центар, З.И.(61) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 18.00 часот на ул.„Лазар Личеновски“, бил физички нападнат од едно лице, кое му одзело чанта во која имало пари, мобилен телефон и лични документи. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 23.08.2019 околу 14.00 часот во СВР Битола било пријавено дека во с.Девич, Македонски Брод, избувнал пожар во непристапен терен со нискостеблеста шума. Известена е протипожараната единица од Македонски Брод и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Слични содржини