МВР: Четири лица се осомничени за подметнување пожари

од Nikola Popovski

Полицијата информира дека приведено е лице поради постоење основи на сомнение дека подметнал пожар над гостиварско Пожаране.

-Во 15.10 часот од страна на полициски службеници од Полициско одделение Галате лишен од слобода е Л.А. (32) од Р.Албанија, кој илегално престојувал во државата, поради постоење основи на сомнение дека подметнал пожар над гостиварско Пожаране и тој ќе биде задржан за понатамошна постапка, велат од МВР и додаваат дека едно лице е осомничено и за пожарот во Старо Нагоричане и полициските службеници веќе постапуваат во координација со Јавен обвинител.

-Во текот на вчерашниот ден (03.08.2021), пак,благодарение на брзата интервенција на полициска патрола и на екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје спречен е пожар од поголем размер пред село Блаце кон Катланово, за кој две лица се под сомнение за негово предизвикување и се работи на расчистување и на овој случај. МВР апелира строго да се почитува забраната за движење во шумските предели, граѓаните максимално да се воздржат од палење огнови, отпадоци, меѓи и стрништа на нивите, да не фрлаат неизгаснати догорчиња и да не оставаат стаклени шишиња или други предмети, кои подолго време изложени на сонце, можат да предизвикаат пожар, стои во соопштението.

 

Слични содржини