МВР го достави извештајот од увидот во модуларната болница во Тетово во Обвинителство

од Берта Китинска

ВР денеска,во Јавното Обвинителство, го достави  извештајот од увидот во модуларната болница во Тетово која на 8 септември целосно изгоре во пожар а во трагедијата животот го загубија 14 лица, главно хоспитализирани пациенти.

„Во момeнтов се врши сослушување на членови на Комисии за импелементација, следење и технички прием на  модуларните монтажни контејнери, кои биле со решение формирани од Министерството за труд и социјална политика“, соопштија од Обвинителството.

Премиерот вели дека ги очекува извештаите и анализите  од вештачењето за да ја реши дилемата со оставките на министрите.

-Јас знам дека форензичките извештаи и анализите на вештачењето се при крај и навистина очекувам да се објават. Ден поскор е подобро за да се решат дилемите.Ред е да се објави тој извештај за јас да го кажам својот став за  понудените оставки, кажа премиерот Зоран Заев.

Заев додаде дека животот продолжува и ако што кажа, политичарите се во кампања и се случуваат секојдневни активности.

-Ред е да се објави тој извештај, за да можам секако и јас, да го кажам својот став во врска со оставките на министерот за здравство и заменик-министерот, изјви Заев.

Слични содржини