Секторот за внатрешни работи Велес во соработка со надлежното обвинителство поднесе кривична пријава против Д.С. (1982) од село Бузалково- СО Велес, Ќ.А. (1990) и А.К. (1996) двајцата од Скопје, поради основи на сомнение дека заедно сториле едно кривично дело „разбојништво“ , првопријавениот сторил едно кривично дело „помагање во извршување кривично дело“, и второпријавениот е осомничен дека сторил едно кривично дело „недозволено држење оружје и распрскувачки материи“.

razbojnistvo-kola14549377411454937119_thumb_medium490_0-300x168

Трите пријавени лица утрото на 08.02.2016 година се сретнале во близина на Спомен Костурница во Велес и направиле договор за поделба на улогите при извршување на кривичното дело, за што првопријавениот им давал совети и упатства на останатите две пријавени лица. Околу 12,20час. првопријавениот кој се наоѓал пред Стопанска банка во Велес, телефонски ги известил второ и трето пријавениот дека возилото на агенцијата за обезбедување „Перпетуум Мобиле“со кое се пренесуваат пари од Стопанска банка тргнало од банката. Второ и трето пријавениот кои биле поставени на автобуската постојка на улица „Алексо Демниевски“ наспроти „Пензионерскиот Дом“ во Велес , кога го забележале возилото , застанале пред него на пешачкиот премин , второпријавениот извадил пиштол марка „Валтер“ и го вперил кон совозачот, заканувајќу му се при тоа на возачот да не вози. За тоа време, третопријавениот со ракохватот од пиштол- плашливец го скршил задното ветробранско стакло, земал четири касети со пари, и заедно со второпријавениот трчајќи се упатиле кон нивното возило „рено еспејс“ кое било паркирано во градскиот парк. Го стартувале возилото и се упатиле кон излезот од градкиот парк, но по кратко возилото застанало, и не можејќи повторно да го стартуваат го напуштиле и избегале кон напуштена куќа лоцирана во градскиот парк, каде се сокриле.

(ФОТО) Вооружен грабеж на автомобил кој пренесувал пари во Велес, бркотница низ градот…

Веднаш по примената пријава, полициски службеници излегоа на лице место, за кратко време обезбедено е возилото во кое се пронајдени четири метални касети во кои според пријавата на оштетените имало 4 000 000 денари, и по превземени оперативно-тактички мерки во куќа пронајдени се и лишени од слобода двајцата сторители.

Со наведеното, пријавените и нанеле на Стопанска банка АД-Скопје материјлна штета од 4 000 000 денари.

Сите три пријавени лица и претходно се пријавувани за кривични дела против имотот, за што на прво и второпријавениот им се изрекувани и затворски казни, додека на третопријавениот изрекувани му се воспитни мерки.

Второ и третопријавениот со кривична пријава, ќе бидат изведени пред надлежен јавен обвинител.
Се превземаат мерки за пронаоѓање на првопријавеното лице.

Слични содржини