МВР го објави ликот на осомничениот за убиство на Мартин Јанушев

од desk2

Филип Секуловски, осомничен за убиството на 28-годишниот Мартин Јанушев, е ставен на листата за потраги објавена на веб сајтот на Министерството за внатрешни работи.

МВР соопшти дека Секуловски е осомничен за убиството на Јанушев и дека по него е распишана меѓународна потерница.

– Имаме несоборливи докази дека лицето Ф.С. е сторител на убиството на Мартин Јанушев. Поднесена е и кривична пријава, а стапуваат и другите мерки кои треба да бидат преземени во смисла на меѓународна потерница за обезбедување на лицето и целосно расчистување на случајот – рече пред неколку дена министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Слични содржини