МВР индентификуваше 3 лица за палењето на знамето на Бугарија

од Vladimir Zorba

Три лица биле идентификувани како учесници во палењето на знамето на Бугарија за време на карневалот во Вевчани. Против нив МВР ќе поднесе кривични пријави.

Софија по инцидентот упати вербален демарш за Скопје поради запаленото знаме на Бугарија на карневалот во Вевчани.

„По повод медиумските објави за изгорено бугарско знаме во село Вевчани во Република Северна Македонија, му порачав на бугарскиот амбасадор во Скопје, Ангел Ангелов, да го изрази пред владата на РСМ нашето силно негодување за овој вандалски чин. Амбасадорот Ангелов веќе упати остар вербален демарш во Министерството за надворешни работи на РСМ“, напиша Захариева на социјалните мрежи.

Државниот врв на земјава го осуди инцидентот.

Слични содржини